Почетна БалканГолем дефект на водоводна цевка во центарот на Скопје, поплавени цели улици! – Курир

Голем дефект на водоводна цевка во центарот на Скопје, поплавени цели улици! – Курир

од nenad
1 минути читај за
ВИДЕО: Голем дефект на водоводна цевка во центарот на Скопје, поплавени цели улици!

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информација од ЈП Водовод, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот се до санирање на дефектот.

Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко. Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во непосредната близина, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови.

Курир

Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје се до санирање на состојбата.

Извор : Kurir.mk

ВИДЕО: Голем дефект на водоводна цевка во центарот на Скопје, поплавени цели улици!