Почетна ТехнологијаДваесет икони, дел од културното наследство, по една деценија се вратени во С. Македонија

Дваесет икони, дел од културното наследство, по една деценија се вратени во С. Македонија

од nenad
2 минути читај за




фото: МИА, Дваесет икони од Албанија се вратени во Македонија
Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Северна Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој ги препозна иконите, Сашо Цветковски. Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите истакна дека по соработката со соседна Албанија, иконите украдени во 2013 година успешно се вратени дома.

   

„Денеска сите ние сведочиме на еден историски чин, за прв пат во нашата држава, успешно заврши реституција на културно наследство. Дваесет наши икони репрезент на она што се творело на крајот од 18-ти и во 19-ти век, по една деценија се вратени дома. Овие ремек дела за Северна Макединија се дел од идентитетските одредници и наше богатото културно наследство. Иконите се меѓу најделикатните и највеличествените богатства во светот, овие икони кои вечерва ги видов може да се споредат со сликите на најголемите светски мајстори на ликовната уметност“, рече Ковачевски.

Министерката за култура, Костадиновска Стојчевска, истакна дека за првпат во регионот се случува да биде вратен украдено заштитено културно добро.
„Според расположливите податоци во светот воопшто исклучително ретко се случува да бидат вратени незаконски културни добра онаму од каде што се земени“, нагласи министерката.
Таа информираше дека овие 20 икони ќе останат во Музејот на Северна Македонија, каде што ќе им биде извршен конзерваторски третман во зависност од потребите на секоја икона одделно, додека по целосното завршување на конзервацијата, иконите ќе бидат изложени за јавноста во овој музеј за после извесен период да се вратат по храмовите.Вкупно 20 икони кои беа украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.Иконите беа предадени денеска на свечена церемонија во Тирана на македонската делегација, предовдена од министеката за култура Костадиновска-Стојчевска.