Почетна СветКостадиновска-Стојчевска на средба со Маргарити: Ја продолжуваме соработката со Албанија

Костадиновска-Стојчевска на средба со Маргарити: Ја продолжуваме соработката со Албанија

од nenad
1 минути читај за

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија кое беше пронајдено во Албанија.

На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, како што кажаа министерките на состанокот, е резултат на блиската и интензивна соработка меѓу двете држави.

Успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ги негуваме како министерства за култура на Македонија и на Албанија – рече Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од двете страни за заштитата и промоцијата на заедничките културни обележја.

Костадиновска-Стојчевска и Маргарити ги разменија искуствата околу актуелните прашања и процеси во нивните ресори, а посебен акцент беше ставен на следните чекори во спроведувањето на заедничката агенда за заштита на Охридскиот Регион при спроведување на препораките од УНЕСКО.

Ќе продолжиме со зацврстување на соработката меѓу нашите две земји во областа на културата, зачувувањето на наследството и бескомпромисната борба против нелегалното движење на нашето материјално културно богатство – посочи на средбата Маргарити.

Министерката Костадиновска-Стојчевска порача дека во духот на добрососедските односи и на мултикултурализмот, како основа на нашите регионални политики, ќе се унапредува соработката, најавувајќи ја нејзината идеја и иницијатива за потпишување Меморандум за разменување стручен кадар, искуства и знаење меѓу уметниците и институциите помеѓу државите од Западен Балкан, соопшти Министерството за култура.


Post Views:
43

Извор : vesnik-ilinden.com

Костадиновска-Стојчевска на средба со Маргарити: Ја продолжуваме соработката со Албанија