Анастасија Ражнатовиќ лесно се навикна на животот во Севиља, но не негира дека и недостига семејството, па затоа постојано е во контакт со сите членови. А, една од објавите на Анастасија Ражнатовиќ сведочи дека повеќе од се и недостига нејзината мајка.
Пејачката во последно време се почесто објавува фотографиите со Цеца, особено од минатотот, кога таа и Вељко биле мали.
Една таква објава ги трогна многумина, а Анастасија за да ги зачини емоциите напиша и неколку стихови од песна на Дино Мерлин.
Поврзани објави
„Сите концерти, албуми, хитови… сето тоа е ништо. За мене најголем комплимент е кога некој ќе ги пофали моите деца, кога ќе каже дека пораснале во добри и воспитани луѓе. Тоа е мојот најголем успех“, изјави неодамна Цеца.
Анастасија од секогаш истакнуваше дека нејзината мајка и е најдобар пример, најголема поддршка како и најдобра пријателка.
„Горда сум на неа. Среќна сум што ми е мајка и ѝ благодарам за се што ни даде во животот. Мајка ми е моја пријателка и мое најдобро рамо за плачење. Верувам дека немаше да можам да направам некои работи доколку ја немав нејзината безрезервна поддршка“, изјави Анастасија.
Фото: Инстаграм