Почетна ЕкономијаГрција и Турција потпишаа договор, меморандуми за соработка и заеднички декларации

Грција и Турција потпишаа договор, меморандуми за соработка и заеднички декларации

од nenad
1 минути читај за

– Еден договор, седум меморандуми за разбирање и седум декларации во различни области потпишаа Грција и Турција во рамките на петтиот Висок совет за соработка меѓу двете земји што денеска се одржа во Атина во присуство на грчкиот премиер и турскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот го потпишаа надлежните министри за образование од двете земји и се однесува на зајакнување на соработката во стручното образование преку признавање на дипломите за техничко образование, размена на знаења и искуства, организирање заеднички образовни активности за професори и студенти и размена на студенти.

Меморандумите за разбирање се однесуваат на: електричното поврзување, на малите и средните претпријатија; на извозот и инвестициите, на спортот, како и на социјалните услуги со акцент на заштитата на лицата со посебни потреби.

 Во однос на заедничките изјави и декларациите, тие се во областа на туризмот;  во соработка во истражувањата и иновациите; соработка во земјоделскиот сектор;  царинска соработка; одржување хакатон со учество на претставници од двете земји; свикување на заеднички економски и трговски комитет, како и свикување на комитетот за изградба на втор граничен мост во Еврос.

Освен овие 15 меморандуми и декларации кои ги потпишаа надлежните министри од двете земји, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпишаа и Атинската декларација за пријателски односи и добрососедство.

ср/ссм/Фото: Кабинет на грчкиот премиер .

Извор: МИА