Прсти да излижеш…
Скоро и да нема човек кој еднаш го пробал овој рецепт, а да не го повторил. Се прави за кратко време, не чини многу, а е и добар извор на хранливи материи.
Во периодот на празнувања многумина од нас претеруваат со мрсната храна, па затоа овој специјалитет е идеален за да направите баланс.
Состојки:
1 кг компири, 150 гр путер, 150 гр пармезан сирење, 4 чешниња лук, мајчина душица, сол и бибер.
Поврзани објави
Подготовка
Излупете ги компирите и исечете ги на што потенки парчиња, а потоа добро исушете ги со крпа. Растопете го путерот и додадете го исечканиот лук.
Тавата во која ќе го печете јадењето премачкајте ја со растопениот путер со лук. Кога тавата ќе се загрее, додадете го првиот слој компири. Премачкајте ги компирите со путер, обилно посипете со пармезан. Зачинете со сол, бибер и мајчина душица. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите компири и останати состојки.
Наредените слоеви компири притиснете ги со капак или чинија. Покријте со алуминиумска фолија и печете на тивок до умерен оган околу 20 минути.
По 20 минути преклопете го компирот со голема чинија и превртете го. Вратете ги компирите во тавата да се запечат од другата страна.
Послужете како главно јадење или како прилог со месо.