Дали сте „опседнати” со најжешката популарна двојка во светот, особено по премиерата на документарниот филм за Бекам?
Повеќе од еден месец јавноста не може да го тргне погледот од Викторија и Дејвид, следејќи го секој детал од нивниот живот.
Упорна, згодна и привлечна, вака со неколку зборови би можеле да ја опишеме Викторија Бекам. Ѕвездата не само што се придржува до строгите правила, туку е и доследна на својот избор. Сака да се храни здраво и веќе 25 години јаде еден вид на оброк за ручек (риба на скара и зеленчук), а преку ден ужива во здрави масти како авокадо.
Факт е дека авокадото се смета за една од најдобрите намирници за сјајна кожа и е богат извор на масни киселини. Исто така, содржи високи количини на витамин Е, антиоксиданс кој помага во заштитата на клетките од оксидативниот стрес, кој е поврзан со стареењето. Затоа Викторија толку многу го сака авокадото, бидејќи не само што го храни нејзиниот тен, туку и позитивно влијае на нејзината фигура.
Покрај тоа, пред појадокот Викторија Бекам утрото го започнува со две лажици јаболков оцет.
Поврзани објави
А еве кои физички активности ги прави во текот на денот.
Викторија Бекам вежба 5 пати неделно под надзор на личниот тренер Боби Рич. Иако пред неколку години згодната дама претпочиташе кардио, денес тренинзите и изгледаат вака – 30 минути тренирање на нозе, 30 минути раце, обликување на телото, проследено со штици и истегнување. Кревањето тегови е релативно нов додаток во програмата на Викторија.
Таа моментално е фокусирана на кревање високи тежини, иако со години мораше психички да се подготвува за ваков тип на тренинзи. Таа призна дека на почетокот се плашела дека телото ќе и биде премногу слабо за ваков вид на вежбање, и дека по кревањето тегови нејзините мускули ќе станат премногу масивни и непропорционални со нејзината ситна фигура. Сепак, нејзиниот личен тренер не се откажа и денес кревањето тегови и е една од омилените физички активности, речиси на исто ниво со танцувањето со сопругот на часовите по салса…