Собранието на Република Северна Македонија , Фондацијата за демократија на Вестминстер и Министерството за надворешни работи и развој на Британскиот Комонвелт ја официјализираа сорбаотката. Потпишаа Меморандум за разбирање со кој ќе се спроведе проктот „Практикувај демократија“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје и ќе трае најмалку до 31 март 2025 година.
Меморандумот за разбирање го потпишаа генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, регионалниот директор за Европа и централна Азија на Фондацијата за демократија на Вестминстер, Кристофер Стуарт Левик и директорот на Програми во Британската амбасада во Скопје, Ендру Бранд.
Според генералната секретарка Иванова, со потпишувањето на Меморандумот ќе продолжи долготрајната и успешна соработка со Вестминстер фондацијата, чиј особено значаен резултат е формирањето на Буџетската канцеларија во Собранието, а истовремено продолжува соработката со Младинскиот клуб, како и во делот на волонтерската програма.
Според претставниците на Британската амбасада и на Фондацијата за демократија на Вестминстер, соработката и партнерството со Собранието на Република Северна Македонија резултира со тоа што проектите што се реализираат станаа пример што се заинтересирани да го следат и други парлраменти во регионот.
Целта на проектот е да се обезбеди поддршка на Собранието во зајакнување на Програмата за волонтерска работа за млади, со цел градење капацитети за нов потенцијален кадар за институцијата. Исто така се обезбедува и поддршка за работата на неформалните тела (Клубот за младински прашања и младински политики) и собраниските комисии (Комисијата за финансирање и буџет), како и други тела и комисии согласно утврдените заеднички потреби.
28 ноември 2023 година