Почетна Убавина и здравјеНајголемата мудрост се крие во ЕДЕН совет на руската политичарка Ирина – Убавина и здравје

Најголемата мудрост се крие во ЕДЕН совет на руската политичарка Ирина – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ирина Какамада е истакната руска политичарка, економистка, публицист и жена чиј глас надалеку се слуша

Ирина Какамада е многу паметна жена која знае што зборува. Мора да ги прочитате нејзините животни совети…

1. Сѐ што прави жената е незабележливо. Штом престане да го прави – и тоа како се забележува.

2. Ако во клучен момент цел хор на гласови ти вели „немој да го правиш тоа“, а срцето ти повторува „направи го“ – послушај го своето срце и нема да погрешиш.

3. Ако мажот не сака да се смени, имате избор: да живеете со него таков каков што е или да живеете на свој начин без него. Ако не можете да одлучите, тоа значи дека не се слушате добро себеси, а проблемот тогаш не е во него, туку во вас.

4. Најдоброто нешто што можеме да ги научиме децата е да се сакаат себеси.

5. Жената која влегува во политика го прави тоа само од една причина – од желбата сите да ја сакаат.

6. Никогаш не обвинувајте го светот, тој секогаш е рамнодушен кон вас. Сѐ додека ги обвинувате другите за неволјите што ви се случуваат, ќе паѓате надолу.

7. Жените се пријателки сѐ додека не почнат да се расправаат околу мажи. Најцврстото пријателство се случува меѓу жените кои никогаш не можат да го имаат истиот маж.


Поврзани објави

8. Судбината е како лав, ако се плашиш од неа – ќе те нападне, а ако немаш страв – ќе можеш да ја контролираш.

9. Ако човекот нема комплекси, тогаш е робот.

10. Звучи клише но на врвот секогаш се умира: или од осаменост или од тоа што немаш веќе кон што да тежнееш.

11. Со свои уши слушнав од Далај Лама: „Без разлика колку удобно седиш, нозете ќе ти се вкочанат во еден момент. Мораш да се поместиш“. Мислам дека така е и во животот. Промената е прекрасна, во спротивно ќе се вкочаниш, ќе ти се вкочанат гледиштата и душата. Промени ја позицијата.

12. Ако немате решение, тоа не значи дека не постои, туку вие немате сила да го чуете.

13. Најважно е да бидете среќни, а не да бидете први по секоја цена.

14. Сакајте се себеси со сето срце, повеќе од татковината, сопругот или децата.

15. Храбри не се оние што не чувствуваат страв, туку оние што го совладуваат.

„Се мажев 4 пати и секој брак ми беше подобар од претходниот“: Позната Русинка советува кога треба да се одлучите за развод