– Во шумски пожар во прашума на Хаваи уништено е автохтоно шумско земјиште кое е дом на околу 20 многу чувствителни видови.
Огнот изгоре 6,5 квадратни километри откако пожарот првпат беше забележан на 30 октомври, јави Гласот на Америка.
Никој не е повреден и нема изгорени домови во најновиот шумски пожар, кој ги изгоре планинските сртови на Оаху.
Во шумата расте папратот улухе, кој често расте во дождовните шуми на Хаваи, и дрвото „коа“ кое традиционално се користи за правење кануа, даски за сурфање и укулеле.
Пожарот најмногу горел во националниот резерват за диви животни во шумата Оаху, каде живеат 22 видови кои американската влада ги наведува како загрозени.
Тие вклучуваат птици иви и елепајо, полжав што живее на дрво и хавајски сив лилјак.
Американската служба за риби и диви животни, која управува со резерватот, сè уште не знае кои растенија или диви животни можеби биле оштетени од пожарот. јт/Фото: Национална гарда на САД .
Извор: МИА