Oсврнувајќи се на актуелните податоци и сознанијата споделени од денешните говорници, сопругата на претседателот изрази загриженост од растечкиот глобален тренд со кој поединци и семејства се соочуваат со предизвиците на дијабетесот.
Искуствата нагласи г-а Ѓоргиевска укажуваат дека најголемиот дел од здравствените проблеми, вклучително и дијабетесот, се поврзани со неправилниот начин на живот. Затоа е неопходна поголема физичка активност, правилна исхрана и рано дијагностицирање на одредена состојба или болест.Според неа ваквите тенденции ја нагласуваат итноста од заеднички напори за борба против дијабетесот на повеќе фронтови.
„Од тој аспект само ќе споменам дека дијабетесот, меѓу другите стручни лица, може да го забележи и стоматологот, имајќи ги предвид симптомите што се јавуваат во усната празнина”, истакна Ѓоргиевска, нагласувајќи ја потребата од раниот скрининг на пациентите, со кој значително би се спречиле карактеристичните компликации што се јавуваат во подоцнежните фази на одредена здравствена состојба.Во обраќањето пред присутните, сопругата на претседателот ја истакна потребата од дестигматизација на пациентите коишто се соочуваат со дијабетесот.
„Колку повеќе зборуваме за одреден проблем, толку е помала стигмата, бидејќи со дискусијата расте свеста кај граѓаните. Луѓето се плашат од непознатото, кога се зборува за тоа, едноставно многу поефикасно може да се пристапи кон одреден проблем”, нагласи г-а Ѓоргиевска, упатувајќи честитки и за неодамна промовираниот Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки, како и за книгата „Тип 2 дијабетес – од превенција до соодветен третман”, која е резултат на ентузијазам и желба на повеќе доктори чија професионална определба е да работат на полето на дијабетесот.
На настанот, во организација на Health Hub, стручни излагања имаа д-р Ирфан Ахмети – претседател на Националната комисија за дијабетес, д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Македонското научно здружение на ендокринолози и дијабетолози, проф. д-р Лидија Поповска – интернист, кардиолог, мајка на дете со дијабетес тип 1 и д-р Арѓент Муча – директор на Клиниката за ендокринологија, а свои завршни забелешки изнесе Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.
- (ФОТОГАЛЕРИЈА) Верниците го слават најголемиот христијански празник – Велигден
- ВАЊА КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА КОГА Ѝ БИЛО ПУКАНО ВО ГЛАВАТА ОДЗАДИ, ЧИТАШЕ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОКАЗИ ВО СУД
- Димитриос Пасхос е нов Главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов Претседател на Одборот на директори на компанијата
- Започнува постапката за кандидирање на кандидати за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори