Почетна МакедонијаУривање на дивоградбите и листа на загрoзени видови, меѓу итните мерки на Владата за заштита на Охридското Езеро

Уривање на дивоградбите и листа на загрoзени видови, меѓу итните мерки на Владата за заштита на Охридското Езеро

од nenad
2 минути читај за

-Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, соопштија од владината прес служба.Од Владата објаснуваат дека има и  повеќе укажувања до Управата за заштита на културното наследство.

-Во посочени рокови, да достави насоки до надлежната установа – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со што ќе ги дефинира, ограничи можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид, имајќи предвид дека членот 59-ѕ од Законот за градење не е правен основ за доградби, надградби и реконструкции во старото градско јадро на Охрид, соопштија од Владата.

Во владините заклучоци има и задолженија до Министерството за транспорт и врски и општините Охрид, Струга и дебарца да почнат со отсранување на дивоградбите.

-Се задолжува Министерството за транспорт и врски, а се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, во прецирани рокови, секој во рамките на своите надлежности да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија за отстранување и за коишто се обезбедни финансики средства за остранувањето, соопшти Владата.од Владата велат дека  Министерството за транспорт и врски е задолжено, а им се укажува на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, сите урбанистичко плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма.

   

-Задолжено е Министерттвото за транспорт и врски, во соработка со Капетанијата на пристаништата – Охрид, да  формира Работна група за изработка на анализа на пловила во Охридското Езеро со пресметка и на капацитетот на носивост на пловила во Охридското Езеро. Задолжено е Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство да изработи Нацрт-верзија на Предлогот на законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, соопшти Владата.