Почетна Убавина и здравје„Моден избор како повик на помош? Канје и Бјанка би направиле сѐ за трошка слава!“

„Моден избор како повик на помош? Канје и Бјанка би направиле сѐ за трошка слава!“

од nenad
2 минути читај за

Популарната стилистка откри што мисли за скандалозните изданија на сопругата на Канје Вест.

Секое јавно појавување на Канје Вест и Бајнка Сенсори предизвикува ново згрозување. По бурниот одмор во Италија и неколкуте дена во Берлин, двојката се пресели во Велика Британија, на ревиите на Модната недела во Лондон. Се разбира, сите погледи беа вперени во нив, а причина е нивниот дискутабилен моден збор.

Бјанка Сенсори носеше еден вид плетено бело боди, кое малку покриваше, но на главата стави нешто што не беше ниту капа, ниту перика, туку го покриваше речиси целото лице. Канје Вест, пак, беше буквално завиен во црно од глава до петици.

Фото: Printscreen @yeezymafia / Instagram

Во Италија, 28-годишна манекенка и 46-годишен рапер беа обвинети за неморал и доживотно им e забрането да се возат во кондола низ венецијанските канали поради нивното вулгарно однесување за време на едно возење.

Имено, музичарот на туристите им го покажал голиот задник, а се споменува и дека имале орален секс во гондолата.

Потоа Бјанка прошета низ Фиренца во голи горен дел без прерамки.

Појавата на парот на Модната недела во Лондон поттикна нова серија коментари за тоа како Канје „управува“ со изгледот на Бјанка сакајќи да направи „уште една верзија на Ким Кардашијан“.


Поврзани објави

Луѓето кои беа блиски со убавата Австралијка повторно се огласија и тврдат дека нејзиниот сопруг направил сè за да ја изолира од светот. Во коментарите на социјалните мрежи, следбениците пишуваат дека нејзиното лице издава очај, дека очигледно не е среќна и дека целиот нејзин изглед е „повик за помош“.

Во изјава за The Mirror US, американската дизајнерка и славна стилистка Си Џеј Адамс ги откри своите размислувања за нивното облекување и „претставување во јавноста“.

Новите модни избори на Бјанка не се повици за помош туку обид да се привлече вниманието на јавноста. Користењето на модата за предизвикување контроверзии не е ништо ново, тоа се прави со децении – започна стилистката, па додаде:

Не може да се негира физичката сличност меѓу Бјанка и поранешната сопруга на Канје, Ким, која и самата стана позната по некои многу ризични модни избори. Значи, не е изненадување што и Бјанка сака да го направи тоа.

Американската модна експертка смета дека Канје секако влијае на изборот на облека на Бјанка.

Еден од главните предизвици за некој како Бјанка, кој е и спортски и многу женствен со фигура на песочен часовник, е како да изгледа секси без да биде претерано сексуализиран. Друг предизвик е нејзиниот стил да се разликува од Ким Кардашијан, која успеа да изгради статус на „модна икона“.

Не може да се избегне дека секоја жена со која Канје ќе биде во врска по Ким ќе биде предмет на споредба. Но наместо да се натпреварува со Ким, би ја советувала Бјанка да обрнува помалку внимание на ризичните елементи и да се фокусира на обликување на сопствениот уникатен стил, кој е сосема поинаков од Ким – заклучила Си Џеј Адамс.

Фото: Инстаграм