Вчера, во 6.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р. Б. (27) од село Николиќ, општина Дојран и С. С. (31) од Нов Дојран.
При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби, извршени во туристички капацитети и викенд-куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран.
Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Против Р. Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела тешка кражба и две кривични дела кражба, од кои пет биле извршени во 2023 година, а другите во 2021 и 2022 година.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.