Портпаролот на Сојузната влада на Германија, Штефен Хебстрајт изјави дека е разочарувачки што новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија е неуспешна, пренесува Газета експрес.
Хебстрајт рече дека пречките нема да создадат излез од кризата и дека дијалогот за нормализација предводен од ЕУ е единствениот начин да се постигне решение.
„Многу е разочарувачки што дијалогот меѓу Србија и Косово уште еднаш беше неуспешен. Опструкцијата нема да не извлече од кризата. Дијалогот за нормализација што го води ЕУ е единствениот пат до решение“, рече Хебстрајт.
Според него, Германија ќе продолжи интензивно да работи со своите партнери за косовското прашање.
