Почетна ТехнологијаПАРЛАМЕНТОТ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС

ПАРЛАМЕНТОТ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС

од nenad
2 минути читај за

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, имаше свое обраќање на Конференцијата на тема: „Зајакнување на Берлинскиот  процес преку Парламентарна Дипломатија„, која во ораганизација Институтот за демократија и неговите партнери во земјите од Западен Балкан, се оддржа во Собранието на Република Северна Македонија.

   

На Конференцијата, посветена на можностите и модалитетите за вклучување на парламентите во Берлинскиот процес, Адеми истакна дека регионалната соработка на Западен Балкан е сржтта на  Берлинскиот процес, и како таква претставува дел од политичките приоритети и критериуми, утврдени во Рамката на политиката за проширување.

Адеми, посочи дека регионалната соработка има позитивни ефекти  во  функционирањето и животот на граѓаните во регионот,  а како пример ги  истакна трите ратификации договорени во рамките на „Отворен Балкан и тоа за : признавање на високобразовните квалификации, потоа за професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија, како и за слободно движење  со лични карти.

Во тој контекст, напомена, дека досега во фокусот на овој процес, беше економската димензија, со цел создавање на Регионална економска област, која е во интерес на економскиот развој и зближување на регионот, но дека по Самитот во Познањ  во 2019 година, покрај учеството на Владата, се планира вклучување и на парламентите во  него.

Сепак, истакна Адеми, иако инклузивната регионална соработка е важна  на нашиот  пат кон членство во ЕУ и е во насока на  градење на меѓусебни односи, базирани на толку посакуваните европски вредности, таа не може да го замени нашето зачленување во европското семејство.

На Конференцијата, учествуваа пратеници од парламентите на земјите од  регионот, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и Косово, кои  во своите дискусии  ја истакнаа потребата за вклучување на парламентите во Берлинскиот процес, преку воспоставување на парламентарен дијалог во клучните области на политичката, економската, социјалната и безбедносната соработка во регионот.