Почетна ВестиМВР: Две лица повредени, откако се превртеле со возило на Попова Шапка

МВР: Две лица повредени, откако се превртеле со возило на Попова Шапка

од nenad
0 минути читај за

-Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., се превртел. Во несреќата, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово., соопшти МВР.