Барем е искрена
Лажно се претставувала и грабела напатот до успехот!
На Теа Таировиќ на времето не ѝ предвидуваа добра музичка кариера во „Ѕвите на Гранд“, а неколку години подоцна, таа стекна голема популарност и ја понесе титулата „кралица на бакшишот“.
Теа за медиумите откри какви биле нејзините почетоци. Имено, таа, како што истакна, користела и слатки бели лаги, само за да стаса и да се качи на музичката сцена.
Поврзани објави
Почнав да пеам со бенд од Нови Сад и лажно им се претставив. Реков дека сум полнолетна, дека имам искуство со пеење, но бев малолетна и немав искуство. Не избирав средства за да стигнам до целта – рече Таировиќ, нагласувајќи дека тој период за неа бил многу трауматичен и неизвесен.
Сакав само да стапнам на која било сцена, само некој да ме види и слушне. Беше навистина трауматично. Немав никаков репертоар, не знаев да комуницирам со луѓето, ништо, а сакав само да настапам некаде. Од патики преминав во високи потпетици, не знаев да се движам во нив – искрена е пејачката за српските медиуми.