Пејачката помина 4 месеци зад решетки во 2003 година
Фото: Инстаграм
Цеца Ражнатовиќ е една од најуспешните српски пејачки, а нејзиниот приватен живот секогаш бил под будното око на јавноста.
Многумина се сеќаваат кога во 2003 година, таа беше уапсена во операцијата „Сабја“, па во затвор помина четири месеци. Таа денеска не зборува за овој дел од нејзиното минато, но на социјалните мрежи се појави снимка , на која Цеца во една емисија зборува за деновите зад решетки.
Поврзани објави
„Колку и да беше тоа црно, јас раскажувам анегдоти од тој период, но секако не би му посакала на никого да заврши таму“ – започнала Цеца и продолжила:
„Пеев, особено кога викендите беа во прашање, тоа изгледаше како да сте живи погребани во гроб, тоа е катастрофа, но јас ќе започнам да пеам и така побрзо поминуваше времето“ – рекла пејачката.