90
Не можеме да говориме за достоинство, за слобода, за права, за еднаквост, за доверба во институциите, за развој доколку немаме ПРАВДА. Членот 10 од Универзалната декларација за правата на човекот гласи: ,,Секој има потполно еднакво право на праведнSettingsо и јавно судење пред независен и непристрасен суд кој ќе одлучи за неговите права и обврски и за основаноста на секое кривично обвинение против него.” Потребен ни е висок степен на владеење на правото и правдата во системот.
Нашите граѓани имаат ниска доверба во правосудните институции/органи, бидејќи својата невиност, своите права не можат да ги докажат пред независен и непристрасен суд. По повод Меѓународниот ден на човековите права бараме да се почитува членот 10 од Универзалната декларација и секој граѓанин на Македонија да биде еднаков пред судот, Уставот и законите.