Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, известува дека во текот на ноќта се изгаснати 28 пожари, додека еден е сѐ уште активен.
Пожари на отворен простор на ден 28.08.2023 година (понеделник)
Вкупно пожари: 29
Активни Пожари: 1
-Општина Липково над с.Извор и с.Белановце (шумски пожар) интезитетот е намален
Изгаснати Пожари: 28
-Општина Старо Нагоричане село Ругинце према село Бељаковце кое гравитира во Општина Куманово (запалено ниска вегетација и грмушки). Во с. Бељаковце се зафатени и неколку стари куќи и помошни објекти.
-Општина Старо Нагоричане во атарот на с. Канарево, с. Орах и с. Ругинце. (нискостеблесна шума, грмушки и сува трева)
-Општина Липково,с.Лојане(сува трева и стрниште)
-Општина Зелениково с.Страхојадица (ниска вегетација и шума ,200 м2);
-Општина Зелениково с.Орешани (ниска вегетација и мешана шума, 4000м 2)
-Општина. Кавадарци во с. Дреново (запалено сува трева);
-Општина Струга с. Октиси (ниска вегетација и грмушки);
-Општина Зелениково (стрништа и ниска вегетација).
– Општина Ѓорче Петров, с. Никиштани (сува трева и ѓубре)
– Општина Илинден, с. Кадино (сува трева )
– Општина Студеничани, с.Моране (сува трева и стрниште);
– Општина Боговиње,(Тетово), с. Боговиње (ѓубре)
– Општина Теарце,(Тетово)с.Одри (џубриште ,стрниште и сува трева)
– Општина Теарце,(Тетово),помеѓу с.Одри и с.Неарште(сува трева, нива со насад и грмушки на околу 400 м2 )
– Општина Прилеп,с.Мажучиште (сува трева);
– Општина Долнени(Прилеп),с.Десово (сува трева);
– Општина Прилеп, (сува трева);
– Општина Радовиш м.в Восанска река кај с. Калугерци (сува трева и стрниште)
– Општина Радовиш с. Јаргулица (сува трева )
– Општина Кочани, с. Кучичино (стрниште и сува трева);
– Општина Кочани (сува трева);
– Општина Липково,с. Лојане (стрниште и сува трева);
-Општина. Липково, пожарот измеѓу с.Слупцане и Ваксице кај Врело (резервари на Макпетрол) (сува трева и грмушки)
– Општина Струга, 4 пожари, Белчишки гробишта према с.Октиси, с.Долна Белица, с.Заграчани и с.Велешта (сува трева )
– Општина Струга м.в. Кореа помеѓу с.Велешта-опш.Струга и с.Вевчани -опш.Вевчани ( поголем дел насади од орев)
