Почетна МакедонијаСо „бмв Х6“ превезувал мигранти од Сирија, го фатиле, па избегал

Со „бмв Х6“ превезувал мигранти од Сирија, го фатиле, па избегал

од nenad
0 минути читај за




МВР информира дека вчера попладне во 18 часот на регионален пат 1102 кон с. Милетково од полициски службеници од Полициска станица – Богородица во патничко моторно возило „бмв Х6“ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, а возачот го напуштил местото на настанот.
Лицата мигранти се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.