Почетна БалканМицкоски повикан на разговор во американската амбасада

Мицкоски повикан на разговор во американската амбасада

од nenad
0 минути читај за
t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пристигна во амбасадата на Соединетите Американски држави, каде ќе оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

Средбата се одвива во американската амбасада на барање на господинот Ескобар.

Дипломатската пракса укажува дека кога некој е повикан на терен на дипломатското претставништво, разговорот најчесто е непријатен за претставникот на земјата домаќин.

Денеска на заедничката прес-конференција во Владата на Република Македонија, Ескобар истакна дека Македонија ѝ е потребна на Европската Унија и дека нашата држава е голем пријател на САД.

Ескобар порача процесот на уставни измени да продолжи.