Почетна ПопуларноИнспекциски надзор за случајот со застанување на Брза помош при пренесување пациент

Инспекциски надзор за случајот со застанување на Брза помош при пренесување пациент

од nenad
1 минути читај за
t

Министерството за здравство покрена инспекциски надзор по вчерашната објава во медиумите дека возило на Брза помош застанало на кафе пауза, додека пациент со кислородна маска бил во возилото.

– Не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки, информираа попладнево од Министерството.

Оттаму посочуваат дека се извршени разговори со сите засегнати страни, вклучително и со ќерката на пациентот кој бил во возилото.

– Се работи за пациент, кој во понеделникот испишан од болницата, требало да биде трансфериран во Општата болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило, кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејќи ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко ѝ бил свесен, контактибилен, во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот, потенцираат од Министерството за здравство.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

И покрај тоа што таа барала, како што се нагласува во соопштението, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин.

Министерот за здравство Фатмир Меџити вчера прашан за овој случај најави дека ќе ја провери информацијата и доколку е точна, ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

.