Почетна ВестиФОТО: Турист во Сплит за две секунди возење со такси добил сметка од 150 евра!

ФОТО: Турист во Сплит за две секунди возење со такси добил сметка од 150 евра!

од nenad
1 минути читај за

Социјалните мрежи изминативе денови се преплавени со објави на туристи кои се жртви на измамнички таксисти, но изгледа дека во фејсбук-групата „Prometne zgode i nezgode“ (Сообраќајни згоди и незгоди) тукушто се појави победник.

   

На таа фејсбук-група објавиле сметка според која турист во Сплит требало да плати 150 евра за возење со такси од нула километри кое траело – две секунди.

– Дали е ова валидна сметка за такси што пред малку ја доби еден изненаден турист?

Растојание: 0 км

Време на возење: 2 секунди

Износ: 151,10 евра

Станува збор за возење од Сплит до аеродром (приближно 25 км), напишале во групата на Фејсбук со фотографија од сметката.

    

Луѓето веднаш почнале да пишуваат во коментарите дека е јасно што се случило тука.

– Возачот возел ‘на црно’ до аеродромот, а потоа ја побарал сметката. Потоа возачот го вклучува таксиметарот и рачно го внесува износот. А можеби и затоа што ја видел инспекцијата на паркингот. Во суштина, сметката е фискализирана, сѐ според законот – напишал еден коментатор.

„Па, сезона им е, па треба да мамат“, „Супер тарифа е за 2 секунди – 151 евро. Јас морам за тоа да работам 5 дена“, „Се работи за такси телепортација“, се дел од коментарите што се појавија под фотографијата.