Почетна МакедонијаНа клинички мртов Американец пресаден бубрег од свиња: Органот функционира и 32 дена по операцијата

На клинички мртов Американец пресаден бубрег од свиња: Органот функционира и 32 дена по операцијата

од nenad
2 минути читај за




Фото: The Miller Family/ NYU Langone Health
Лекарите во Њујорк на 14 јули извршија операција на 57-годишен маж, кој бил мозочно мртов и успеваат да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден го замениле со генетски модифициран бубрег од свиња.Свинскиот бубрег функционира 32 дена по трансплантацијата на клинички мртов човек, а тоа е најдолгиот период во кој човечкиот организам по таква операција не отфрлил животински орган, соопшти вчера американскиот научен тим кој ја изведе операцијата, пишуваат американските медиуми.

   

Респиратор го одржува работењето на срцето на 57-годишниот Морис Милер, како и функционирањето на другите органи, а бубрегот од свињата произведува урина и други вообичаени нуспроизводи.Во овој експеримент органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото тело, дури и клинички мртов, а тоа е убедливо најдолгото постигнато време, истакнуваат лекарите. Експертите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да го спречат човечкото тело да го препознае како туѓ предмет и да го отфрли.

Доктор Роберт Монтгомери, кој го предводи Институтот за трансплантација Лангоне во Њујорк, изрази надеж дека со овој зафат ќе се покаже дека бубрегот може успешно да функционира и кај човек со мозочна смрт.Тој, исто така, се надева дека ова ќе го отвори патот на можноста за Управата за храна и лекови (ФДА) да одобри клинички испитувања и на живи луѓе.

„Сега стекнавме многу подобро чувство за тоа како изгледа кога свинскиот бубрег ги заменува сите функции на човечкиот бубрег. ФДА секогаш ни поставува прашања за тоа“, рекол тој.Тимот на Монтгомери од Институтот Лангоне и група лекари од Универзитетот Алабама во Бирмингем претходно докажаа дека свински бубрег може да функционира во телото на клинички мртов човек неколку дена.Доктор Монтгомери, кој и самиот бил подложен на трансплантација на срцето, смета дека е многу важно на пациентите на листата на чекање да им се обезбедат што поголем број органи.„Во моментов, околу 40 отсто од пациентите кои чекаат трансплантација умираат пред да дојдат на ред за операција“, потсети тој.