Најголемиот црн дијамант на светот, познат под името „Енигма“, минатата година беше продаден за неверојатни 4.3 милиони долари на аукција од „Сотби“ („Sotheby’s“), a платен во криптовалути, пишува „Индепендент“.
Меѓутоа, сега е откриено дека клиентот, кој во тоа време бил непознат, всушност е крипто-измамник.
Бизнисменот за криптовалути и инфлуенсер Ричард Харт измамил инвеститори и потрошил милиони долари за купување луксузни стоки, спортски автомобили, часовници, меѓу кои и црниот дијамант „Енигма“ од 555.55 карати, според Комисијата за хартии од вредност, која овој понеделник го обвини Харт.
Црниот дијамант наречен „Енигма“ е еден од најмистериозните дијаманти во светот. Се работи за исклучително редок дијамант, од типот на карбонадо со црна, мат боја, кој зрачи со мистериозна аура.
Името „Енигма“, го добил од грчкиот збор и има соодветно значење, загатка, бидејќи овој скапоцен камен го опкружуваат многу мистерии.
Дијамантите карбонада, се разликуваат по тоа што се наоѓаат блиску до или на површината на Земјата, што веројатно може да сугерира и на вонземно потекло.
Се смета дека овој специфичен тип на црн дијамант е создаден или од метеорски удари кои произведуваат природно хемиско таложење на пареа или од вонземно потекло, односно од експлозии на супернови кои формирале астероиди со дијаманти, кои на крајот се судриле со Земјата.
Во продолжение погледнете го видеото од дијамантот: