71
Кратко потоа, во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во атарот на с. Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(63) од с. Чајлане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(21) од с. Бојане, Скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Ј.А.(23) од с. Бојане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.