Почетна ПопуларноДавеник исчезна во Дојранското Езеро, екипи трагаат по него

Давеник исчезна во Дојранското Езеро, екипи трагаат по него

од nenad
1 минути читај за
t

Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне.

Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек.

Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од САЕ Тигар за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска