Владата на Малезија соопшти дека ги забранува часовниците на компанијата „Своч“ кои содржат ЛГБТ елементи и дека лицето кое ги поседува може да биде осудено на три години затвор и парична казна од 4.400 долари.
Како причина за забраната е наведена загриженоста дека овие производи би можеле да му наштетат на моралот на нацијата.
Во Малезија истополовите врски се забранети и за нив се предвидени казни кои се движат од ќотек до 20 години затвор.
Властите во мај заплениле повеќе од 160 часовници од колекцијата „Гордост“ во продавниците на „Своч“.
Некои од часовниците се во боите на виножитото.
Од „Своч“ истакнаа дека нивните часовници не се штетни, туку дека пренесуваат порака за мир и љубов, пренесе АП.
Швајцарската компанија поднесе тужба против малезиската влада, барајќи компензација и враќање на запленетите часовници.
.