Почетна ПопуларноИнтегра со честитка за Илинден: Да се исправиме и да кажеме “НЕ” на уцените

Интегра со честитка за Илинден: Да се исправиме и да кажеме “НЕ” на уцените

од nenad
1 минути читај за
t

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА упатува честитка до македонскиот народ по повод 2 август – Илинден, големиот македонски национален и државен празник.

Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на државноста, како круна на вековниот стремеж на македонскот народ за национална слобода, самобитност и своја држава.

Илинден стана клучна детерминанта за идентитетот и иднината на македонскиот народ и стекна епитет на траен македонски непокор.

И овој Илинден Македонците се поделени. Но следејќи ги идеалите на Илинденците, треба да се исправиме силно и високо и јасно да кажеме „НЕ“ за уцените и за влегувањето во ЕУ со наведната глава. Ја сакаме слободата и демократијата на ЕУ, но не смее да ги прифатиме условувањата, понижувањата и диктатот на сила, исто како што тоа не го направија и нашите претци.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Борбата продолжува!

Нека ни е честит, благословен и вековит нашиот, МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕН!

.