„Во користените песни насилството се релативизира, романтизира, а често и се промовира“, вели Ана во описот на своето видео, кое многу бргу предизвика лавина реакции на Балканот, меѓу кои и Македонија.Ана во својот труд вели дека песните ги собрала со помош на членовите на групата на „Фејсбук“ – Women’s Affairs, каде што собрала над 100 предлози. Но, во третата и последна фаза изборот го намалила на 36 песни.Ана додава дека видеото е поделено на две преспективи, женска и машка. Оттаму произлегол заклучокот дека во т.н. женски песни доминира мотивот на безусловна љубов кон партнерот, дури и по цена на страдање, понижување, злоупотреба и насилство, како, на пример, „пред вратима спавала ко пас“ или „само гази, гази ме ту пред свима, јер где има крви, ту и љубави има“. Повеќето припаѓаат на жанрот турбофолк, а единствениот друг застапен жанр е попот.


А кај т.н. машки песни доминира превоспитувањето на непослушната жена со физичка сила, сексуално насилство, кое е причина за неприфаќање, отфрлање и за одмазда со физичко малтретирање на неверната жена, како, на пример, „њени модри хематоми мојој психи годе“. Ги има во повеќе жанрови: (хард) рок, поп, рап, кантри, фолк-рок и само една песна е од жанрот на турбо-фолк-музиката. Кај овие песни доминираат весели музички подлоги, кои тераат на танц.


„Најстарата користена песна е објавена во 1981 година, а најновата во 2020 година, што значи да таков наратив доминира речиси четириесет години во домашната популарна музика, без разлика на жанрот и културното милје на кое им се обраќа одреден изведувач“, вели Ана во својот труд.На социјалните мрежи вријат негативни коментари за музиката. Некои се згрозени од она што го слуша младината, а други велат дека, конечно, некој се осмелил јавно да обелодени каква порака испраќаат овие песни. Но, има и такви што велат дека некои од нив се извлечени од контекст, односно дека нивната содржина е сатирична и нема намера да предизвикува насилство врз жените
