Почетна МакедонијаВременските услови ја прекинаа потрагата по исчезнатото лице во Вардар

Временските услови ја прекинаа потрагата по исчезнатото лице во Вардар

од nenad
1 минути читај за

Утрово во 6:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак” на булевар „Србија” се фрлило во речното корито на Вардар.На местото излегле екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и екипи на МВР кои, како што се наведува, преку Центарот за управување со кризи побарале подршка и ангажирање на специјализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.-При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи, ова барање е проследено до ДЗС за преземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, информираат од ЦУК.