Состојки:
2 филџани крупна морска сол
1 лажица шеќер
1 лажица мед
1/2 филџан маслиново масло
2 лажички сок од лимон
Подготовка:во соодветен сад измешјте ги сите состојки, убаво да се соединат, солта и шеќерот да се истопат и да добиете нешто слично на груба паста. По желба додајте и 5 капки етерично масло од лаванда па повторно се’ убаво измешајте.
Корист: Овој пилинг е корисен за отстранување на сите нечистотии од кожата медот и маслиновото масло ја хидрираат кожата и ја правам мека и мазна.
Освен на лицето пилингот можете да го користите и на целото тело, после што, секако, ќе треба убаво се истуширате. Маслиновото масло (+етеричното) ќе навлезат длабоко во кожатаи ќе ја направат мека, па нема да треба да ставате големи количества млеко или крем за тело.