Во североисточните делови од земјава попладнево е нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница. Доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина.
Критично беше во Чаир каде и падна дрво директно на паркинг полн со автомобили. Невреме го зафати и скопско Драчево, каде од силниот град се оштетени автомобили, домови, а страдаше и земјоделието во овој дел од главниот град.

Центарот за управување со кризи претодно информираше дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава.
