Почетна ПопуларноЗеленски: Сигурно ќе возвратиме за нападите на Одеса!

Зеленски: Сигурно ќе возвратиме за нападите на Одеса!

од nenad
1 минути читај за
t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина сигурно ќе им одговори на руските терористи за нападите што ги извршија врз Одеса.

Зеленски ова го кажа на својот канал на Телеграм, каде што објави и фотографии на кои се прикажани последиците од последниот масовен ракетен напад врз градот.

„Ракети против мирни градови, против станбени згради, против катедрала… Не може да има оправдување за руското зло. Како и секогаш, ова зло ќе изгуби. И сигурно ќе има одмазда за руските терористи за Одеса. Тие ќе ја почувствуваат оваа одмазда“, напиша Зеленски.

Тој појасни дека им се дава помош на сите погодени од овој терористички напад, еден од многуте во последните денови.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Зеленски изрази благодарност и до сите кои им пружаат помош на жителите на Одеса, како и до сите кои се со Одеса во своите мисли и молитви.

„Ќе се справиме со ова. Ќе го вратиме мирот. А за тоа мора да го победиме руското зло“, напиша украинскиот претседател.

За време на последниот ракетен напад, во текот на ноќта, руските сили го погодија регионот Одеса со најмалку пет типа ракети – „Калибар“, „Оникс“, Х-22, „Искандер-К“ и „Искандер-М“.

Според првичните податоци, за кои потврди гувернерот на областа, Олех Кипер, во ночешните напади загинало едно лице, а 22 се повредени.

.