Table of Contents
Правилната заштита е многу важна
Не се сите кремови за заштита од сонце исти и погодни за сите типови кожа
Кожата секој ден е изложена на УВА и УВБ-зраци, дури и кога времето е облачно, па експертите препорачуваат секојдневно да се користи крем со заштитен фактор. Меѓутоа, при изборот на препарати за сончање, многу е важно да обрнете внимание на типот на кожа, бидејќи не се сите кремови за секого.
Масна кожа – не поднесува масла
На масната кожа најмногу ѝ одговараат кремови за сончање без масло. Оние што содржат масло се претешки за овој тип кожа и можат да ги затнат порите и да предизвикаат акни. Најдобро е да ги одбегнувате кремовите отпорни на потење и оние што содржат пчелин восок. За овој тип кожа, вистинскиот избор се полесните гел-кремови.
Комбинирана кожа – хидратантни лосиони
На овој тип кожа му одговараат воздушести формули што не ја оптоваруваат Т-зоната. Одличен избор се лосиони што содржат млечна киселина и алое вера. Тие ја одржуваат оптималната pH-вредност на кожата и ја хранат. Најдобриот избор се хидратантните лосиони, бидејќи кожата брзо ги впива и не создаваат масен површински слој.
Поврзани објави
Сува кожа – хранливи кремови без парфеми
Сувата кожа е најчувствителна на сончевите зраци и изискува поинаква нега. Кремовите треба да бидат хранливи, без додадени парфеми и мириси, бидејќи тие можат да ја надразнат и исушат кожата. Помагаат и кремовите со состојки, како што се глицерин, масло од јојоба, екстракт на алое вера, кои имаат смирувачко дејство. На сувата кожа не ѝ одговараат гел-формули, туку за неа подобар избор се лосионите, бидејќи подолго се задржуваат на површината.
Не потпирајте се на кремот од минатото лето
- Кога купувате крем за сончање, одбирајте таков што штити од УВА и УВБ штетни зраци и кои имаат заштитен фактор најмалку 30.
- Не лажете се дека поскапите кремови штитат подобро од евтините.
- Задолжително проверете го рокот на траење. Тоа особено важи ако ви останал крем од минатото лето.
- Нанесете го кремот 15 минути пред да се изложите на сонце и нанесувајте го на секои два часа.
Добро намачкајте ги децата
Кожата на децата е исклучително чувствителна и многу лесно гори на сонце, па за нив секогаш одбирајте средство со висок заштитен фактор.