Почетна БалканАмериканка измамена во Скопје: Прво ѝ побарале 13 евра, а потоа ѝ земале 10.000 денари

Американка измамена во Скопје: Прво ѝ побарале 13 евра, а потоа ѝ земале 10.000 денари

од nenad
1 минути читај за
t

89-годишна Американка била измамена од две лица во Скопје.

– На 17.07.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, Е.Џ.А.(89) од САД пријавила дека била измамена од две лица. Според пријавеното, околу 12.00 часот на Меѓуградската автобуска станица таа влегла во такси возило, во кое имало уште едно лице кое зборувало англиски јазик, а кога пристигнале на подрачјето на Карпош, ѝ кажале дека треба да плати 13 евра, соопшти МВР.

Како што е пријавено, таа со помош на таксистот од банкомат подигнала 10.000 денари, а другото лице ѝ ги побарало сите пари, со објаснување дека тоа е сумата при конверзија од една валута во друга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.