Почетна ТехнологијаГенераторот со вештачка интелигенција Adobe Firefly отсега достапен на 100 јазици, и на македонски

Генераторот со вештачка интелигенција Adobe Firefly отсега достапен на 100 јазици, и на македонски

од nenad
1 минути читај за

Софтверскиот гигант Adobe соопшти дека нивниот модел на генеративна вештача интелигенција, познат како Firefly, отсега ќе биде достапен на глобално ниво со поддршка за текстуален внес на 100 јазици, вклучително и на македонски јазик. Корисничкиот интерфејс, пак, ќе биде достапен на 20 светски јазици.

Покрај проширувањето на пристапноста до платформата, компанијата гордо истакна дека вештачката интелигенција на Firefly досега генерирала над 1 милијарда креативи преку веб-прелистувач и во Photoshop.

„Бевме изненадени од тоа како креаторите го користат Firefly за да создадат повеќе од милијарда прекрасни слики и текстуални ефекти што го прави една од најуспешните бета-верзии на Adobe досега, и тоа за само три месеци. Денешната објава е да се направи Firefly достапен за повеќе луѓе на нивните претпочитани јазици, за да можат да продолжат да го користат нашиот уникатен модел, да ја оживеат својата имагинација и да создаваат најквалитетни креативни средства кои се безбедни за комерцијална употреба“ – објаснува Ели Гринфилд, генерален технолошки директор за дигитални медиуми во Adobe.

Генеративниот модел со вештачка интелигенција Firefly беше лансиран во март, првично достапен преку веб-прелистувач, а потоа во самите програми на Adobe како Photoshop, Illustrator и Express. За разлика од другите слични сервиси, Adobe се грижи резултатите генерирани преку Firefly да бидат комерцијално безбедни за употреба од страна на бизнисите, бидејќи нивниот модел е обучен врз основа на слики што се дел од сток-библиотеката на Adobe.

Marketing365