Почетна МакедонијаВМРОВСКО ЛУДИЛО: ЗАМИСЛЕТЕ СДСМ ДА ИЗЛЕЗЕШЕ СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ГО БРАНИ ДРАГИ РАШКОВСКИ?!

ВМРОВСКО ЛУДИЛО: ЗАМИСЛЕТЕ СДСМ ДА ИЗЛЕЗЕШЕ СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ГО БРАНИ ДРАГИ РАШКОВСКИ?!

од nenad
1 минути читај за




Изјавата на Мицковски во која ги брани обвинетите за ФЕНИКС и од Миле Јанакиевски прави жртва на прогон е неверојатен политички кикс, ХАВАРИЈА! Замислете, додека со месеци врескаат за наводни криминали на власта, тие ги бранат своите?!?! Што покажува тоа? Дека за нив нема искрена борба против криминал туку криминалот се користи како политичка алатка за ПР битка и ловење политички поени по онаа старата – НАШИТЕ СЕ ТОП, ВАШИТЕ СЕ ЗА НИКАДЕ!!!

   

Тоа покажува дека ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт пак ќе ги штити своите како што ги штитеше за време на Марко Зврлевски и ЈОВО ПРЕВАРА, громарите на македонското судство и правда, заедно со легендарниот Михајло Маневски. Кој овие ликови не ги знае, сигурно вчера се има родено.

Можете ли да замислете што ќе се случеше во јавноста ако СДСМ излезеше со соопштение и го бранеше Драги Рашковски дека е некаква жртва на некаква спрега во судството, некакви сваровски остатоци кои му се одмаздувале затоа што бил поранешен соработник на Заев?! Тоа ќе беше начекано со општа ХИСТЕРИЈА И КАТАКЛИЗМА И ХАРАНГА! Но од СДСМ секогаш се очекува повеќе во земјава, додека ВМРО ДПМНЕ е разгаленото мело дете…