Почетна МакедонијаОбвинителство ќе ja истражува купопродажбата на „ТЦ-Соравија“

Обвинителство ќе ja истражува купопродажбата на „ТЦ-Соравија“

од nenad
0 минути читај за

Според информациите, Обвинителството вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста.

   

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.) – се наведува во одговорот на Обвинителството.