Македонскиот дијамант Елиф Елмас веќе четири години е дел од италијански Наполи, изминатава сезона испишаа историја со првото „скудето“ после 33 години, а во наполитанскиот клуб има уште еден македонски играч – братот на Елиф, Билал.
Помладиот брат на „дијамантот“, Билал сега е дел од У16 генерацијата на Наполи и веќе се сликаше на тимската фотографија во пресрет на новата сезона, па во Наполи се надеваат дека во брзо време ќе добијат уште еден дијамант пред кого е светла иднина.
Инаку братучедот на Елиф Елмас, Мухамед веќе е професионален фудбалер и е дел од скопски Работнички од каде Елиф тргна кон ѕвездите, прво во Фенербахче, а во 2019 година во Наполи.
Тимската фотографија ја објави еден од наполитанските портали „Калчо Наполи 24“.
Извор: sport1.mk
