Почетна ВестиХелсиншки комитет со апел за безебдност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот на МПЦ

Хелсиншки комитет со апел за безебдност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот на МПЦ

од nenad
2 минути читај за

Фото: Хелсиншки комитет Македонска православна црква в четврток организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција со почеток во 18 часот пред Соборен храм Св. Климент Охридски – Скопје. Од Хелсиншки комитет за човекови права апелираат до ЛГБТИ заедницата и ги советуваат на внимателнот на денот на протестот.

   

На денот на протестот, но и ден потоа Хелсиншкиот комитет за човекови права ја советува ЛГБТИ заедницата: Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот, да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор, движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори, секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата.

Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе. Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевете го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции. Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции. Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ!. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.

Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони: Од 09:00 до 15:00 часот 02/3119073, од 15:00 натаму 078/734217, се додава во соопштението.

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот што го организира МПЦ-ОА. Нашата грижа кон заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, апелираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.Во соопштението, тие порачаа дека ќе бидат гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но, како што велат „најважно ее да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија“, како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани.