Лепа Брена изгледа се бори со фобија, бидејќи често се крие зад некои капи, очила, шапки…
Исто така, не дозволува луѓето да ја гушкаат, да ја пипкаат, да ја влечат за рака, па и на настапите не дозволува публиката да ѝ пријде, а не пак да ја допира!
Можеби станува збор за страв, или можеби со текот на времето научила да го почитува својот личен простор и растојанието што ѝ се допаѓа…
Едно од главните барања на еден скорашен настап во Црна Гора беше никој од гостите да не ја допира, како и да биде на специјална сцена на која никој не може да ѝ пријде. Организаторите го испочитувале условот, па десетмина од обезбедувањето ги спречуваа луѓето да се сликаат со неа, иако по само половина час пеење, пејачката беше побогата за 30.000 евра.
Можеби по толку многу концерти има фобија од гужви, како и од луѓе кои сакаат да се сликаат, да добијат автограм или само да ја гушнат.
Но сето тоа воопшто не е чудно бидејќи таа имаше здравствени проблеми поради кои сега е претпазлива, а долго време се бореше и со тромбофилијата поради која неколку пати заврши во болница.
Поврзани објави
Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Јас не сум паничар. Кога првпат се соочив со тромбоза, проучував сè и бев послушен пациент. Навикната сум да живеам така, знам што не можам да пијам и да јадам, како и како треба да ми се одвива животот според здравствените правила. Научив да живеам според правилата и да бидам среќна… Се вакцинирав бидејќи тоа е апсолутна заштита и без неа нема патување или дружење. Светот живее и функционира според правилата и ние мора да се вклопиме во нив – изјави таа за „Стори“.
Инаку, Брена се соочила со оваа дијагноза пред десет години, кога на еден од нејзините концерти забележала дека раката наеднаш ѝ станала виолетово-сина. Потоа веднаш беше оперирана.
Не ми беше ни на крај памет да го прекинам концертот, го префрлив микрофонот во левата рака, а десната ја кренав горе и доби нормална боја. Штом се вратив во Белград, отидов на клиника на преглед на крвните садови, каде што констатираа целосна блокада на субклавијалната вена и аксиларната вена на десната рака. Бев на терапија, лежев практично неподвижна 12 дена, со раката во една положба, ме хранеа, ми даваа вода, тоа ми беа првите 12 дена одмор, за време на кој, благодарение на навистина одличниот тим на експерти на ВМА, успеаја да ми ја отвораат 70 проценти субклавијалната вена и 100 проценти аксиларната вена. Тоа беше мојата прва средба со тромбофилија. Бев во шок – изјави Лепа Брена.
Сепак, нејзината најсериозна болест е ревматоидниот артритис, болест која ги напаѓа зглобовите и е многу почеста кај жените отколку кај мажите. Оваа болест е видлива на рацете на фолк-дивата.