Почетна МакедонијаИзборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, пристигнала уште една пријава

Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, пристигнала уште една пријава

од nenad
0 минути читај за

Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор.

  

Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан. Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски. Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.