Почетна Убавина и здравјеНегативните коментари не ја спречиле да се омажи за љубовта на својот живот – 46 години постар милијардер! – Убавина и здравје

Негативните коментари не ја спречиле да се омажи за љубовта на својот живот – 46 години постар милијардер! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Секојдневно добивала лавина негативни коментари поради големата разлика во години, но била одлучна да не обрнува внимание на тоа и да ѝ даде шанса на љубовта

Ко Нган е 29-годишна виетнамска манекенка, која се омажила за Вин Кац, 75-годишен претприемач од Лос Анџелес. Нивната љубовна приказна почнала на Инстаграм, каде што атрактивната Ко се поврзала со Вин, сопственик и дизајнер на брендот Rough Roses. Подоцна се запознале лично за време на едно од деловните патувања на Вин во Виетнам и веднаш се вљубиле еден во друг.

Поимот љубов се менувал со текот на времето. Во минатото луѓето имале значително помал избор за кого да се венчаат, особено во малите средини. Денес, љубовта повеќе се однесува на личниот избор и слобода. Тоа е потсетник дека љубовта се развива со текот на времето.

Без разлика дали станува збор за двојка со значајна разлика во годините, љубовта може да цути и да напредував. Годините стануваат неважни кога постои вистинска поврзаност и привлечност. Љубовта навистина не познава години и граници.

И покрај многуте раскинувања, двојката на крајот ја зацврстила својата љубов со брак. Ко цврсто верува дека Вин е нејзината сродна душа:

„Тој е љубовта на мојот живот, сигурна сум во тоа.“

За жал, нивната врска постојано се соочува со остри критики, а манекенката мора да се справува со навредливите коментари.

Најчестите критики на корисниците на социјалните мрежи се:


Поврзани објави

„Сигурно те интересира само неговото богатство“, „Само се надеваш дека ќе го наследиш неговото богатство“, а често ја обвинуваат и со: „Ти си една обична спонзоруша!“

Нган им го порачала ова на сите „хејтери“:

„За мене тоа секогаш зависеше само од срцето. Навистина го сакам“.

Како позната моделка и јавна личност, таа е доволно стабилна финансиски за да може да си дозволи луксузен живот и без да се потпира на богатството на нејзиниот сопруг.

Бракот на овие двајца луѓе е еден од примерите дека годините се само бројка кога станува збор за вистинска љубов. Тие сега уживаат во хармоничниот брак и патувањата, а Нган сѐ помалку им обрнува внимание на негативните коментари.

Ваков брак е незамислив кај нас: „Среќни сме и гајле ни е што ќе кажат луѓето!“