Вознемирувачко анонимно писмо дека двегодишно дете го снемало од детската градинка „Темјанушка“, објект на градинката „Детска Радост“ во Автокоманда денеска пристигна во редакцијата на „Слободен печат“. Во него пишуваше дека пред три дена, од објектот „Темјанушка“ едно дете од втората јаслена група поради „неажурност“ и „негрижа“ на вработената го напуштило објектот и по него имало „потрага“.
„Слободен печат“ стапи во контакт со директорката Анета Петровска која рече дека инцидент се случил, но истиот е исклучително преувеличен, по детето немало потрага, туку излегло надвор низ вратата во дворот од градинката, било пресретнато од друг родител и веднаш вратено во градинката.
Целиот текст на слободенпечат.мк