86
Денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Косово, по апсењето на тројцата припадници на специјалната единица на косовската полиција во Србија, јавуваат Репортери.
Тие се уапсени на територијата на општина Рашка и, како што е соопштено, административната линија ја поминале 1,8 километри.
Косовските власти тврдат дека во моментот на апсењето полицајците биле на задача од косовската страна на административната линија.
По апсењето, Владата на Косово одлучи да забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, а забранет е и увоз на стоки од Србија.
