Почетна МакедонијаТрагедија: Бивша светска шампионка починала за време на породување!

Трагедија: Бивша светска шампионка починала за време на породување!

од nenad
1 минути читај за

Поранешната светска шампионка Тори Бови почина пред речиси два месеци, а денеска американските медиуми објавија дека причина за нејзината смрт е предвремено породување.

Американката била во осми месец од бременоста, а контракции добила во нејзиниот дом, по што ѝ немало спас, а притоа починало и бебето, објави „РТЛ“.

Во текот на кариерата освои голем број медали во различни натпреварувања, а меѓу нив се и два златни медали на Светското првенство во Лондон во 2017 година.

Извор: sport1.mk