93
Еден човек е уапсен откако денеска на улиците на Нотингем беа пронајдени три безживотни тела.
Според локалната полиција тој е осомничен за убиство, пренесува Ројтерс.
Во претходното соопштение беше наведено дека се затворени неколку градски сообраќајници, дека трамвајскиот сообраќај е целосно во прекин и истрагата е во тек.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат службеници за спроведување на законот распоредени на неколку локации во центарот на Нотингем, објави претходно АП.
Нотингем е град со приближно 350.000 жители и е приближно 190 километри северно од Лондон.
